Muhammet Kurşun
18 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ТЕХЕРАН (АА) - На патот меѓу градовите Кашан и Натанз, во иранската покраина Исфахан, дојде до тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија 21 лице, а 27 се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на иранската државна телевизија, во ноќните часови, автобусот што се движел на релацијата Техеран - Керман, на делницата меѓу градовите Кашан и Натанз, одзади удрил во танкер за гориво и излетал од патот. Се соопштува дека автобусот бил зафатен од пламенот и изгорел во потполност.
Во несреќата смртно настрадаа 21 лице, од кои 6 деца, додека 27 лица се повредени.
Повредените лица се префрлени во болницата во градот Кашан.