Fatma Bülbül
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Припадниците на либиската Крајбрежна стража вчера спасија околу 80 африкански мигранти кај брегот источно од Триполи, но 40 мигранти се водат за исчезнати, соопшти портпаролот на либијската морнарица Ејуб Касим, јавува Anadolu Agency (AA).
Касим истакна дека меѓу спасените лица има 20 жени и седум деца од повеќе африкански земји.
Локалните официјални лица тврдат дека мигрантите се спасени на околу десет километри северозападно од градот Гарабули, откако биле забележани од рибари.
Според податоците на ОН, најмалку 1.800 мигранти загинале во Средоземното Море од почетокот на годината, во обид да дојдат до европското копно.