Sayed Khodaiberdi Sadat
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
КАБУЛ (АА) - Американскиот специјален претставник за Авганистан, Залмај Халилзад, истакна дека нивото на насилство на Талибанците во Авганистан е сѐ уште високо и дека очекуваат тоа да се намали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Халилзад, за да започнат мировните преговори меѓу претставниците на авганистанската Влада и Талибанците, треба итно да започнат прелиминарни разговори меѓу претставниците на двете страни.
Наведувајќи дека подготовките на авганистанската Влада во однос на ова прашање се завршени, Халилзад рече: „Нивото на насилство на Талибанците е сѐ уште високо. За непречено ослободување на осудените Талибанци и за да може да напредува мировниот процес, очекуваме Талибанците да го намалат насилството.“
Споделувајќи ги информациите дека осудените Талибанци ќе бидат ослободени според списокот даден од нив, Халилзад нагласи дека започнувањето на прелиминарните разговори меѓу авганистанската Влада и претставниците на Талибанците ќе претставува голем чекор за почеток на преговорите.
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, ја објави одлуката за ослободување на осудените Талибанци. Започнувајќи од 14 март, вкупно ќе треба да бидат ослободени 5.000 затвореници.