Gülsüm İncekaya
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – ЃУЛСУМ ИНЏЕКАЈА –
Експертите укажуваат дека во тензиите меѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран, Франција повторно на агендата го носи дискурсот дека „НАТО има мозочна смрт“ која предизвикува сериозни штети на традицијата на сојузништвото, пишува Агенција Анадолија (АА).
Експертите, исто така, велат дека бидејќи НАТО не дозволува ‘Европската политика да ја води Франција‘, Париз сака да ја исцрпи Северноатлантската алијанса (НАТО).
Францускиот претседател Емануел Макрон, дискурсот за „мозочна смрт“ за првпат го изнесе во периодот на мировната операција на Турција што ја започна во Сирија. Париз, кој не е задоволен од операциите на Турција врз терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, истиот дискурс го повтори и кога Турција потпиша договор со легитимната влада на Либија.
Поддржувајќи го водачот на нелегитимните сили во Либија, Калифа Хафтар, Макрон повторно започна да го напаѓа НАТО, искажувајќи неосновани обвинувања дека турската морнарица го вознемирувала францускиот брод што ја извршувал мисијата на НАТО.
Франција обвинувајќи ја Турција за вознемирување на францускиот брод побара од НАТО да интервенира.
Макрон од една страна покажува остар став против НАТО, а од друга страна го принудува НАТО да земе став против Турција. За експертите тоа е доказ за недоследноста на Франција.
- „Франција може само да создаде раздор меѓу себе и НАТО“ -
Професорот на Универзитетот „Билги“ во Истанбул, проф. д-р. Илтер Туран, потсетувајќи дека копнената одбрана на НАТО од копно се врши преку Германија, а морската одбрана преку Велика Британија, рече дека НАТО нема потреба за поддршка од Франција, и затоа во 1966 година Франција се повлече од военото крило на НАТО.
Наведувајќи дека Франција сака да се види себеси како воена моќ на Европа, професор Туран истакна: „Франција сè уште се гледа себеси како империја. Не може да прифати дека е нормална земја. Затоа, не му дава вредност на НАТО. Дали обвинувањата на Франција за Источен Медитеран се обид за уништување на НАТО, тоа засега не е можно да се предвиди. Но, можеме да кажеме дека заземањето страна на НАТО меѓу нејзините сојузници ќе има непожелни последици за благосостојбата на Алијансата.“
Нагласувајќи дека земјите членки на НАТО не ја прифаќаат политиката на тензии што ја води Франција во Источен Медитеран, професор Туран вели дека овие земји сакаат да се обезбеди компромис меѓу Турција и Грција.
Туран посочувајќи дека НАТО сè уште функционира, рече дека таа сега е поразновидна.
„Полска или балтичките земји, грижата за руското проширување, безбедноста на Медитеранот и Арапското Море и одговорноста што ја презеде во Авганистан“, додаде професор Туран.
„Затоа, изјавата на Макрон дека НАТО има ‘мозочна смрт‘ не е точна. Бидејќи не се дозволува ‘Европската политика да ја води Франција‘, Париз сака да ја исцрпи Северноатлантската организација (НАТО). Во последниот период тоа го прави со принудување на НАТО да интервенира во Турција, заради осигурување на безбедноста на Источниот Медитеран. Со тоа, Франција може само да создаде раздор меѓу себе и НАТО.“
- „Целта на Франција е да го стави НАТО во тешка позиција“ -
Професорот на Универзитетот „Хаџи Бајрам Вели“ во Анкара, Мустафа Наил Алкан, истакнувајќи дека Франција особено во последните години сака да биде лидер во Европската Унија (ЕУ) рече дека сериозно ја оштетува солидарноста и традицијата која Алијансата ја застапува 70 години.
Според професорот Алкан, откако германската канцеларка Ангела Меркел ќе замине од политиката, Франција ќе остане сама на европската арена, и ќе се обиде таа ситуација да ја искористи.
„Макрон наместо НАТО, сака да воспостави европска армија предводена од Франција, а со тоа да стане моќна на меѓународната сцена. Затоа ја дава изјавата дека НАТО има ‘мозочна смрт‘ и затоа за тензијата во Источниот Медитеран го обвинува НАТО“, рече професор Алкан.
Истакнувајќи дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, сака тензијата помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран да ја реши по рационален пат, професор Алкан истакна дека и покрај тоа што „Германија сака да биде посредник меѓу Турција и Грција, Франција дејствува како портпарол на Европската Унија (ЕУ) и на пристрасен начин стои на страната на Грција. А Турција не е задоволна од тоа.“
„Намерата на Франција не е да се најде конструктивно решение меѓу Турција и Грција, напротив, да се зголеми тензијата покажувајќи став кој е против Турција. Ако земјите на ЕУ наместо политика на разделување водат политика која вклучува дијалог мислам дека оваа тензична ситуација ќе исчезне. Германија јасно го знае фактот дека Турција е дел од ЕУ. Франција се однесува како да не го разбира тој факт. Но, порано или подоцна и Франција ќе сфати дека на ЕУ ѝ е потребна Турција.“