Ekipa
26 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Претседатеот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа денес во рамките на самитот БРИКС во Јоханесбург, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во обраќањето пред новинарите пред состанокот изрази задоволство што повторно се состанува со рускиот претседател.
„Турција и Русија во сите области, политичка, воена, економска, културна, трговска, постигнаа многу значаен напредок“, изјави Ердоган, потсетувајќи дека цел на трговската размена на двете земји се 100 милијарди долари.
„Верувам дека со ова темпо ќе ја достигнеме таа цел. Имаме многу значаен напредок и во областа туризам. Мислам дека оваа година околу 6 милиони туристи ќе ја посетат Турција. Со сето тоа, секој вид на солидарност со Русија некого чини љубоморен“, изјави турскиот претседател.
Путин исто така изрази задоволство поради додатното јакнење на односите меѓу двете земји.
„Ќе продолжиме со меѓусебните односи откако надминавме разни кризи. Нашите односи ќе напредуваат и на економско поле. Минатата година нашата трговска размена се зголеми за 40,5 отсто, со што надмина 22 милијарди долари“, изјави Путин.
Состанокот на Ердоган и Путин се одржа зад затворени врати.
Во делегацијата на Турција се наоѓа и турскиот шеф на дипломатија, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерката за трговија, Рухсар Пекџан, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин и шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан.
Ердоган и Путин оваа година телефонски разговараа 16 пати, воглавно за регионални прашања, особено за Сирија, како и за билатералните односи.
Десетиот самит на земјите членки на БРИКС беше отворен вчера во главниот јужноафрикански град со дискусија за сè посилните меѓународни трговски војни.
БРИКС е унија на земји со брза растечка економија, која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
Оваа година на самитот како гости се поканети турскиот претседател Ердоган и лидерите на неколку африкански земји.
Инаку, членките не групата БРИКС претставуваат повеќе од 40 отсто од светската популација.