Aida Cako
12 Ноември 2025•Ажурирај: 13 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Старите гробишта во Газа, кои се наоѓаат во населбата Ал-Зејтун во Појасот Газа, ги носат лузните од двегодишните израелски напади, јавува Анадолу.
Познати како последно почивалиште на голем број истакнати личности од Газа, овие гробишта – едни од најстарите во градот – имаат сериозни оштетувања.
Многу надгробни споменици и патеки се уништени во нападите, оставајќи зад себе сцена на разурнување и запуштеност.
Локалните жители велат дека гробиштата, кои со векови претставуваат место на духовно и историско значење, денес сведочат за трагедијата што ја погоди Газа во изминатите години.