Hasan Esen
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на почитување на демократските институции и уставот на Република Турција, откако во оваа земја вечерва дојде до обид за покренување на пуч од страна на припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација Фетулахџи ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишана изјава на Столтенберг наведено е дека телефонски разговарал со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, како и дека од блиску ги следи случувањата во Турција.
„Повикувам на умереност, смиреност и потполно почитување на турските демократски институции и уставот на оваа земја. Турција е вреден сојузник на НАТО", порача Столтенберг.