Vesna Besiç
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ЊУЈОРК - Во глетката на несекојдневниот астрономски феномен наречен „супер Месечина“ синоќа уживаа граѓаните на Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Супер сината крвава Месечина претставува астономски триплет, односно спој од три небески феномени кои заедно се појавуваат на небото, а станува збор за појавите „супер Месечина“, „крвава Месечина“ и „сина Месечина“.
Супер Месечина е појава кога полната Месечина се наоѓа поблиску до Земјата од вообичаеното. Станува збор за феномен во кој Месечината изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна.