Zülfiya Yakup
13 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ПРИШТИНА (AA) - Новоизбраниот претседател на Косово, Хашим Тачи изрази сочуство на семејствата на жртвите на терористичкиот напад кој се случи денес во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Тачи патем социјалните мрежи напиша дека уште еден напад со бомба во Анкара, го погоди пријателскиот турски народ и држава.
"Искрено сочуство на семејствата на жртвите. Нападот оваа вечер во Турција, но и во Брегот на Слоновата коска, покажува дека опасноста од тероризмот е глобална и дека во таа битка и Косово е со своите сојузници", рече Тачи.
Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати изрази сочуство на семејствата на загинатите во терористичкиот напад во главниот град на Турција.
"Тероризмот повторно ја погоди Анкара. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Ја поддржуваме Турција", порача Бушати.
Кабинетот на гувернерот на Анкара соопшти дека во експлозијата во автомобилот која во 18.45 часот по локално време одекна во паркот Гувен во центарот на Анкара, загинаа најмалку 27, а ранети се 75 лица.