Sümeyye Dilara Dinçer
08 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
АНКАРА (AA) - Во последните 24 часа Тајван го потресоа најмалку 15 земјотреси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, земјотресите што започнаа вчера напладне, го потресоа подрачјето на градот Хуалиен, сместено во источниот дел на тајванскиот остров.
Во вестите се наведува дека во последните 24 часа се почувствувани најмалку 15 земјотреси, при што се информира дека нема загинати или повредени во потресите.
Земјотресите биле со интензитет од 3,1 до 5,4 степени, и се регистрирани на длабочина од 5 до 14,2 километри.