Alaattin Doğru
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Телата што денес беа пронајдени на Монт Еверест, во Непал, припаѓаат на тројцата француски планинари што исчезнаа минатата недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските медиуми јавија дека на подрачјето на кое се трагало по француските планинари исчезнати на 26 октомври пронајдени се три тела.
Полицијата во Непал изјави дека телата се пронајдени на подрачјето опфатено со потрагата.
Утврдено е дека станува збор за француските планинари Луис Пачуд, Габриел Милоше и Томас Арфи.
Во соопштението е наведено дека телата се префрлени во Лукла, на југоистокот на земјата, од каде што ќе бидат пренесени на обдукција во Катманду.
Комуникацијата со француските планинари била прекината на 26 октомври, додека се качувале на Монт Еверест.
За време на акцијата за спасување, трагите на исчезнатите планинари се пронајдени на височина од 5.900 метри.
Непал е исклучително интересна туристичка дестинација за планинарите, а од септември странските планинари не се обврзани да бидат во карантин поради пандемијата на коронавирусот.