Ikrame Imane Kouachi
29 Октомври 2023•Ажурирај: 30 Октомври 2023
ГРАДОТ ГАЗА (АА) - Телефонските и интернет услугите се враќаат во Газа откако енклавата под опсада беше отсечена со комуникациите со надворешниот свет, јавува Анадолу.
Групацијата Палтел, која обезбедува комуникациски услуги во Појасот Газа, рече дека телекомуникациските услуги постепено се обновуваат.
„Задоволство ни е да објавиме дека телекомуникациските услуги (фиксни, мобилни и интернет) во Појасот Газа, прекинати во петокот, 27 октомври 2023 година, поради агресијата, постепено се враќаат“, се вели во соопштението на X.
„Нашите технички тимови вредно работат на оштетувањата на внатрешната инфрастуктура на мрежата под предизвикувачки услови.
Интернет надгледувачот Нетблокс соопшти дека „мрежните податоци покажуваат дека се обновува интернет конекцијата во Појасот Газа“.
Газа беше речиси 36 часа под целосен прекин на комуникацијата по интензивираните израелски воздушни напади во петокот, за кои палестинските телекомуникациски провајдери рекоа дека ги оштетиле комуникациските линии и кули.
Израел силно ја бомбардира Газа од 7 октомври кога палестинската група Хамас изврши прекуграничен напад.