Yusuf Özcan
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, телефонски разговараше со претседателот на Иран, Хасан Рохани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Елисејската палата, за време на разговорот Макрон изразил загриженост за бројот на загинати во протестите во Иран и упати апел за смирување на тензиите.
Се истакнува дека Макрон нагласил дека треба да се почитува слободата на изразување.
Двајцата претседатели разговарале и околу иранскиот нуклеарен договор за што Макрон истакнал дека го поддржува овој договор, додека Рохани упатил апел до меѓународната заедница за почитување на прашањата од овој договор.
Во соопштението се вели дека шефот на француската дипломатија, Жан-Ив ле Дриан, овој викенд планирал да реализира посета на Иран, но истата е одложена за друг датум.
Незадоволни од економската ситуација во земјата, иранските демонстранти започнаа да протестираат во градот Мешхед на 28 декември, а протестите брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Според соопштеното, во протестите загинаа најмалку 23 лица, а над 500 демонстранти ширум земјата се приведени.