Hakan Çopur
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ВАШИНТГОН
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, Селман бин Абдулазиз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди заменик портпаролот на Белата Куќа, Џуд Дере.
„Претседателот Трамп и кралот Салман разговараа за позитивните настани во борбата против пандемијата на коронавирусот, како и за повторно заживување на глобалните економии. Двајцата лидери се согласија во врска со важноста на стабилноста на глобалните енергетски пазари“, нагласи Дере.
Исто така, Трамп и кралот Салман се осврнаа и на соработката меѓу САД и Саудиска Арабија во областа на одбраната.
Тие разговараа и за регионалните прашања.