Mücahit Oktay,Aynur Şeyma Asan
21 Октомври 2024•Ажурирај: 22 Октомври 2024
ПЕНСИЛВАНИЈА (АА) - Анадолу откри дека местото каде што почина првиот човек на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, е болницата „Св. Лука“ во кампусот во Монро, во сојузната американска држава Пенсилванија, каде ја сними и собата во која тој престојувал пред да умре.
Според информациите што новинарот на Анадолу ги доби од болничкиот персонал во болницата, името на водачот на ФЕТО, Ѓулен, е меѓу оние што починале во болницата.
Во меѓувреме, според информациите што Анадолу ги доби од болничките службеници, првиот човек на терористичката организацијата, Фетула Ѓулен, престојувал во собата број 251 во болницата непосредно пред да почине.
Може да се види дека собата 251, снимена од Анадолу, е испразнета и исчистена пред извесно време, а болничкиот персонал посочи некои луѓе што отишле таму да ги видат оние што го придружувале Ѓулен.
На посетителите на болницата не им е дозволено да одат во мртовечницата (капела), и се упатуваат кон собите на пациентите.
„И нашите разузнавачки извори ја потврдуваат смртта на водачот на терористичката организација ФЕТО“, изјави шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан.
Нагласувајќи дека борбата против тероризмот ќе продолжи одлучно, Фидан рече: „Водачот на оваа мрачна организација е мртов.“