Onur Usta
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Со начинот на кој известуваа за неуспешниот обид за воен пуч од страна на терористичката органзиација на Фетулах/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во Турција, француските медиуми не го положија испитот по демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголема критика предизвика Францускиот телевизискиот канал BFM, кој со часови известуваше дека неименувана група на војници, не наведувајќи ја организацијата ФЕТО, извршила удар врз власта во Турција, кој турскиот народ го прифатила.
Репортерката Мари Фостер во своето јавување во живо во програмата на ТВ каналот BFM, тенденциозно известуваше дека народот на Турција не се одsва на повикот на демократски избраниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган и одбил да излезе на улиците за да им се спротивстави на пучистите. Гужвата на улиците од Истанбул и Анкара ја правдала со изјавата дека луѓето од страв излегле на улиците за да подигнат пари од банкоматите за да се снабдат со основните прехранбени продукти.
Фостер прочитала делови од прогласот на пучистите и индиректно ја признала власта на извшителите на пучот, додека турската владејачка Партија на правдата и развојот (Ак партија) ја нарекла како досегашна владејачка партија на претседателот Ердоган.
И француската телевизија "iTele" на 15 јули во живо известуваше за пучот во Турција, додека писателот Недим Ѓурсел, кој живее во Париз, во програмата ја истакнал своја загриженост поради извикувањето на текбири (Господ е голем) од страна на масата луѓе која се собрала на плоштадите и улиците од Турција. Само потсетување дека станува збор за турскиот народ кој храбро и без оружје застана пред тенковите и го спречи воениот удар во земјата.
- Весникот “Le Monde“ ги вреѓаше турските жртви
И францускиот весник “Le Monde“ направи медиумски скандал, кога за обидот за воен удар во Турција објави вест под наслов
„Делумно крвав воен удар". Тој наслов беше толкуван како голема навреда за повеќе од 240 загинати, кои храбро застанаа пред пучистите и ја бранеа демократијата и владеењето на правото во Турција.
Занемарувајќи ги фактите дека воениот удар претставува најгруб начин на напад врз демократијата, “Le Monde“ се обиде да укаже на тоа дека турскиот претседател Ердоган од пучот излегол „уште помоќен". Операцијата на турската власт по задушувањето на воениот удар, овој француски весник го претстави како обид да се засили авторитативното владеење на Ердоган.
Во исто време, франсускиот весник “Le Figaro“ во првите часови од обидот за пуч во Турција известуваше дека воениот удар и наштетил на Турција и државата ја довел во тешка економска ситуација. Овој весник пишуваше дека Турска од почетокот на годината е мета на терористички напади и дека тоа е земја ризична за туристи.
Неделникот L'Observateur на својот интернет портал објави вест под наслов „Стои ли Ердоган зад воениот удар?" и се држеше до аргументите кои ги користеа и лидерите на терористичката органзиација ФЕТО/ПДЈ кои го изведоа обидот за пуч. Откако обидот за воен пуч беше задушен, истиот неделник одново предизвика реакции кај публиката со веста дека „Ердоган ќе тргне во чистка на опозицијата". Интересен е фактот дека ниту овој француски медиум не ја пренесе веста дека за само 15-тина минути турскиот претседател Ердоган го избегнал атентатот кој напаѓачите на хотелот во кој бил сместен го планирале, но не го затекнале во просториите во хотелот во Мармарис.
- Јалчин Шимшек: Француските медиуми се водат според предрасуди
Претседателот на Унијата на европски и турски бирократи во Франција (UETD) Јалчин Шимшек за АА изјави дека француските медиуми дволично известувале за војниот удар во Турска.
„Во петокот навечер, кога започнал обидот за воен удар во Турција, француските медиуми во почетокот известуваа дека пучот е успешен. Откао воениот удар беше спречен, истите тие медиуми се обидоа да го обезвреднат овој обид за пуч. Дури тврдеа дека пучот е режиран од претседателот Ердоган, што е апсурд во кој ниту тие новинари не можат да поверуваат", рече Шимшек.
Истакнувајќи дека француските медиуми за време на обидот за пуч во Турција, изнесувале многу деинформации, Шимшек рече дека и соговорниците и аналитичарите, Турција ја споредувале со Хитлерова Германија и тврди дека народот сака демократија, но дека е под притисок на власта. Шимшек исто така, додаде дека француските медиуми не ја подржале демократијата, туку ја залажувале јавноста.
И заменикот претседателот на Исламскиот совет во Франција, Ахмет Ограс истакна дека француските медиуми врза база на предрасуди, погрешно известувале за настаните во Франција.
„Сметам дека тие медиуми се доведени во заблуда и измамени", рече Ограс.