Mohamad Misto,Levent Tok
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК, со поддршка на САД започна акција кон сирискиот град Деир ез Зор кој е под контрола на терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локални извори се дознава дека терористичката организација ПЈД/ПКК ја започнала акцијата недалеку од Хасеке, од каде се упатиле на север кон Деир ез Зор.
Деир ез Зор во последно време е од големо интерес за САД, Русија, Иран, режимот на Башар ал Асад, терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ.
Според последниот попис, во Деир ез Зор има околу 230.000 жители. Од јули 2014 година, поголемиот дел на градот и неговата периферија се под контрола на ДЕАШ. Центарот на градот и неговата околина се наоѓаат под опсада силите на режимот на Сирија.
Последните неколку месеци, нападите врз Рака, последното утврдување на ДЕАШ од страна на силите на коалицијата предводени од САД и сојузничката терористичка организација ПКК/ПЈД, предизвикаа повлекување на милитантите на ДЕАШ во Деир ез Зор.