Ömer Koparan,Burak Karacaoğlu
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
АЗЕЗ
Едно лице загина, а пет се повредени во судирите меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Ослободителната војска на Сирија, при обидот на ЈПГ/ПКК да се провлече во подрачјето Маре, каде што се позиционирани силите на Слободната сириска војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, сместена во и околу Тел Рифат, ноќта од областа Твејси, југоисточно од Маре, се обиде да се провлече во подрачјето каде што се позиционирани силите на Слободната сириска војска.
Во судирите, еден член на Слободната сириска војска го загуби својот живот, а 5 се повредени.
Тел Рифат, кој се наоѓа на југ од Африн, а на југоисток од Азез, три години е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која оттука принудно расели 250 илјади цивили. Од областа ги напаѓа позициите на Слободната сириска армија.