Alaattin Doğru
28 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
ДАКАР (АА) - Во северозападниот дел на Буркина Фасо извршен е терористички напад во кој животот го загубија 10 претставници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните вести, во село на подрачјето на градот Тоени, вооружени лица пукале во објектот кој бил користен како училиште. Со цел да го истражат настанот, во селото се упатила екипа на жандармеријата.
На влезот од селото, екипата на жандармеријата влегла во стапица, во која загинале 10 припадници на жандармеријата, а 8-мина се ранети, кои се префрлени во болница.
Во терористичките напади извршени последните 6 месеци во Буркина Фасо животот го загубија повеќе од 100 цивили и претставници на безбедносните сили.