Ömer Koparan,Adham Kako
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД/АЈН ЕЛ АРАБ
Во појасот Сулук, кој е ослободен од терористичката организација ЈПГ/ПКК во рамките на операцијата „Извор на мирот“ и во појасот на Ајн ел Араб (Кобани), кој се наоѓа во делот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, извршени се терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во појасот Сулук, сместен југоисточно од Тел Абјад, извршен е терористички напад со возило полно со експлозив. Во нападот животот го загуби еден цивил, а 7 цивили се ранети.
Јужно од Ајн ел Араб кој се наоѓа на турско-сириската граница, експлодираше мина поставена на пат. Во експлозијата животот го загуби еден цивил, а тројца цивили се ранети и се однесени во болницата во Ајн ел Араб, каде што се задржани на болничко лекување.
- Голема е веројатноста нападите да се извршени од страна на терористите на ЈПГ/ПКК
На местата на нападите пристигнале војници на Сириската национална војска (СНВ) и локалните безбедносни сили. Голема е веројатноста нападите да се извршени од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.
Минатата недела, во јужните рурални делови на Тел Абјад, кој се наоѓа на сириско-турската граница, беше активирана бомба поставена во мотоцикл. Во експлозијата животот го загубија 5 цивили, од кои 3 беа деца.
Вниманието го привлекува фактот што терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните денови спроведува акции во кои активира бомби во населените места кои се под контрола на СНВ.
Појасот Сулук, сместен југоисточно од градот Тел Абјад, на 13 октомви е ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК во рамките на операцијата „Извор на мирот“.