Ayşe Sümeyra Aydoğdu,Turgut Alp Boyraz
20 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
РАМАЛАХ (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, американскиот амбасадор во Тел Авив, Дејвид Фридман, го нарече „куче едно“, поради неговата изјава во која тој ги брани нелегално изградените еврејски населби на територијата на Палестина, која е окупирана од Израел, велејќи дека „тие им припаѓаат на Израел“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот амбасадор Фридман, минатиот месец имаше изјавено: „Колективното целосно раселување на еврејските населби на Западниот Брег може да доведе до граѓанска војна во Израел“, истакнувајќи дека доселениците ја гледаат земјата како своја и дека се поврзани за таа земја.
Претседателот на Палестина Абас имаше свое обраќање на состанокот на високи функционери на Палестина.
За време на неговото обраќање, Абас употреби тешки зборови за американскиот амбасадор во Израел, Фридман, поради неговата изјава дека ‘еврејските населби се дел од Израел’, велејќи:
„Еврејските населби се легитимни... Голем број американски официјални лица тоа така го прифаќаат. На нивниот врв се наоѓа амбасадорот во Тел Авив, Фридман. Тој вели дека (еврејските доселеници) градат на своја земја. Куче едно. Зарем тие градат на твоја земја? И семејствата на доселениците се доселеници. Тој е амбасадор на САД, од него што можеме да очекуваме?“
- Обвинувања кон Хамас
Претседателот Абас, осврнувајќи се на нападот врз конвојот на палестинскиот премиер Рами ел Хамдалах, за нападот го обвини Хамас.
Палестинскиот претседател зборувајќи дека ќе донесе „некои финансиски и правни одлуки“ за Газа, го рече следното:
„Зад нападот врз конвојот на премиерот на Палестина, Рами ел Хамдалах, во Појасот Газа стои Хамас. Нема да ја прифатиме ниту истрагата поведена од Хамас, ниту информациите што ќе ни ги достават.“
Тврдејќи дека во арапските земји, Хамас го има измислено ваквиот вид атентати, Абас рече: „Ако атентатот беше успешен, ќе се отвореше врата за граѓанска војна во Палестина.“
Зборувајќи за палестинското помирување, Абас истакна дека Хамас се однесува спротивно на донесените точки од договорот постигнат на состанокот во Каиро, главниот град на Египет.
За раководството во Газа, Абас посочи дека Хамас е на власт и ја има доминацијата и контролата врз сегашното раководството, додека палестинската влада нема никакво влијание во Газа.
Абас потсети дека за време на посетата на Газа на 13 март, извршен е бомбашки напад врз конвојот на палестинскиот премиер Хамдалах. Во нападот Хамдалах не бил повреден, но биле ранети 7 лица.
- Кој е американскиот амбасадор Дејвид Фридман?
Дејвид Фридман, кого претседателот на САД, Доналд Трамп, го назначи за амбасадор на САД во Израел, во текот на предизборната кампања му беше советник на Трамп околу израелските прашања. Фридман, кој го поддржува префрлувањето на американската Амбасада во Ерусалим (Кудс) и изградбата на нови еврејски населби е познат како личност што има многу блиски односи со Израел.
Фридман е поддржувач на екстремната десница во САД и има еврејско потекло. Претходно го бранеше ставот дека „изградбата на нови еврејски населби на палестинската територија окупирана од Израел не претставува пречка за мирот“.
Фридман извесен период беше колумнист во медиумите што се објавуваат во Израел, сионистичкиот „Arutz Sheva“ („Канал 7“) и десничарскиот весник „Jerusalem Post“.
Фридман живее во американската сојузна држава Флорида. Истовремено, има и куќа во подрачјето на Телбије, во близина на Ерусалим.
Минатата година ќерката на Фридман мигрираше и се насели во Израел.
За време на гласањето во американскиот Сенат за именување на Фридман за амбасадор на САД во Израел, имаше седница на која се дебатираше поради произраелските радикални гледишта на Фридман. Фридман успеа да добие одобрение од американскиот Сенат, давајќи збор дека во работата нема да ги меша своите лични гледишта.