Mahmut Geldi
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
БЕЈРУТ (АА) - Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) ги продолжува своите проекти за поддршка во Либан против невработеноста и сиромаштијата предизвикани од економската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на ТИКА во Бејрут, Орхан Ајдин, во изјава за АА истакна дека на десетици жени домаќинки во подрачјето на Иклим Харуб при либанската област Џебел Либан, во јужниот дел на земјата, им е овозможена обука за кокошарство и понудена им е помош во опрема.
ТИКА, која во Либан реализира различни хуманитарни активности, како и активности за развој, минатата недела во рамки на проектот „Проект за пчеларство за младите“, на 50 млади лица им понуди обука за пчеларство и им даде поддршка во опрема.
Инаку, Либан се соочува со една од најголемите економски кризи од граѓанската војна помеѓу 1975 и 1990 година.
Во оваа земја стапката на невработеност е над 35 проценти, додека стапката на сиромаштија е над 50 отсто.