Michael Hernandez
09 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се обиде да ја убеди американската јавност дека долговетуваниот ѕид по должината на американско-мексиканската граница, кој е во вредност од 5 милијарди долари, е значаен за одбраната на националната безбедност на земјата, при што се обиде да ја префрли вината на демократите за моменталното делумно затворање на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се од Овалната соба, Трамп нагласи дека САД се соочуваат со растечка хуманитарна и безбедносна криза на јужната граница, велејќи дека земјата се соочува „со криза на срцето и душата“.
И покрај ветувањето дека ќе биде горд да ја преземе одговорноста за затворањето на Владата во пресрет на застојот со финансирањето, Трамп ги обвини демократите за моменталната безизлезна ситуација.
„Федералната Влада ќе остане затворена поради една и единствена причина: затоа што демократите нема да ја финансираат граничната безбедност“, изјави тој и додаде: „Единственото решение е демократите да го усвојат нацрт-законот за финансирање, кој ја брани нашата граница и ќе ја отвори нашата Влада“.
Демократите брзо ги отфрлија тврдењата на претседателот.
Обраќајќи се на нацијата кратко време по претседателските избори, лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, рече дека Трамп едноставно ја користел позадината на Овалната канцеларија за создавање криза, да предизвика страв и да го одвлече вниманието од немирот во неговата администрација.
„Американскиот претседател не успеа да го натера Мексико да плати за својот неефикасен, непотребен граничен ѕид и во неуспех да го убеди Конгресот или американскиот народ да ги покријат трошоците - ја затвори Владата“, рече Шумер.
Поминаа три недели од делумното затворање на Владата.
Околу 800.000 федерални работници се принудени да работат без да бидат платени или добија принудни дозволи за отсуство од работа.
Многу владини агенции снемаа финансии на 22 декември.