Vakkas Doğantekin
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес ги повика демократите и републиканците во Конгресот да се обединат во однос на реформите за имиграцијата, по двата вооружени напади во американските сојузни држави Тексас и Охајо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вооружените напади во Ел Пасо и Дејтон, во кои загинаа 30, а беа ранети десетици лица во текот на викендот, беа извршени од двајца белци, државјани на САД, идентификувани како Патрик Крусиус и Конор Бетс, а не од имигрантите во САД.
„Не смееме да дозволиме убиените во Ел Пасо, Тексас и Дејтон, Охајо, да умрат залудно. Исто така и за оние со сериозни повреди. Никогаш не смееме да ги заборавиме и многутемина пред нив“, објави Трамп на Твитер.
„Републиканците и демократите мора да се здружат заедно и да направат дополнителни проверки, можеби соединувајќи го овој закон со очајно потребните реформи за имиграцијата“, додаде тој.
„Мора да имаме нешто добро, што ќе произлезе од овие два трагични настани!“, додава Трамп, привлекувајќи осуди и критики од корисниците на социјалните медиуми, кои го обвинија Трамп за давање легитимитет на мотивите на извршителите.
Трамп истакна и дека медиумите кои произведуваат „лажни вести“ во САД „придонеле многу за гневот и бесот што се создавал во текот на многу години“.
„Презентирањето на вестите треба да почне да биде отворено, избалансирано и непристрасно, или овие ужасни проблеми само ќе се влошат!“, заклучува Трамп.