Servet Günerigök
02 Декември 2024•Ажурирај: 04 Декември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде негов висок советник за арапски и блискоисточни прашања, пренесува Анадолу.
Трамп на својата платформа „Truth Social“ соопшти дека Масад, кој е и свекор на неговата ќерка Тифани, „е успешен адвокат и високо почитуван лидер во светот на бизнисот, со долгогодишно искуство на меѓународната сцена“.
„Тој беше долгогодишен поборник на републиканските и конзервативните вредности, предност за мојата кампања и беше клучен во градењето огромни нови коалиции со арапско-американската заедница“, додаде тој.
„Масад е склучувач на договори и непоколеблив поддржувач за мир на Блискиот Исток. Тој ќе биде силен застапник за Соединетите Американски Држави и нивните интереси, и ми преставува чест да го имам во нашиот тим!“, напиша тој.
Булос е уште едно име од блиското семејство на Трамп со кое треба да работи во неговиот претстоен втор мандат.
Во саботата, Трамп објави дека го номинирал Чарлс Кушнер, истакнат бизнисмен од Њу Џерси, за амбасадор во Франција.
Кушнер е татко на Џаред Кушнер, зет на Трамп, кој беше висок советник за време на неговиот претходен претседателски мандат.