Dildar Baykan
14 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп го нарече египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси „мојот омилен диктатор" а тоа се случило во текот на минатомесечниот Самит Г-7 во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник „Wall Street Journal" повикувајќи се на американските и египетски функционери, објави текст во кој наведува дека Трамп очекувајќи го доаѓањето на Сиси на Самитот Г7, гласно рекол „Каде е мојот омилен диктатор?"
Иако функционерите веруваат дека Трамп спомнатите зборови ги кажал на шега, потврдуваат и дека во салата настанал молк откако го кажал тоа.
Во текстот не се наведува дали Сиси имал можност да ги слушне зборовите на Трамп.