Hakan Çopur
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, одвоено разговараше со италијанскиот премиер Паоло Џентилони и со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Белата куќа е соопштено дека главна тема на телефонските разговори на Трамп беше претстојниот Самит на лидерите на земјите Г20, кој на 7. и 8. јули ќе биде одржан во германскиот град Хамбург.
Трамп на германската канцеларка Меркел ѝ вети помош за самитот да протече успешно, а лидерите на двете земји разменија ставови и за прашањата за борба против климатските промени, трговските односи и инклузијата на жените во јавниот живот.
Паралелно со тоа, Трамп за време на разговорт со шефот на италијанската влада, Џентилони, ги пофали напорите на Италија во правец на решавање на мигрантската криза и кон мигрантите кои, преку Средоземното Море, од Либија стигаат во таа јужноевропска земја.
Во Хамбург, редовниот 12. Самит на лидерите на групата Г20 ги собра челниците на најразвиените земји на светот, што ќе биде можност и за голем број билатерални и мултилатерални разговори на маргините на централниот настан.