Betül Yürük
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на националните гардисти во главниот град Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Наредив да се покрене постапка на повлекување на нашата Национална гарда од Вашингтон Д.С., сега веќе се е совршено под контрола", напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Наведувајќи дека Националната гарда ќе се врати во своите бази, Трамп напомена дека можат да се вратат во случај на потреба.
Трамп претходно ги ангажираше припадниците на Националната гарда со цел запирање на насилните протести по убиството на Џорџ Флојд.
Флојд беше уапсен на 25 мај во Минеаполис, САД, откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеата од бруталното апсење беа објавени на социјалните мрежи.
Полицијата го привела со лисици и го турнала на земја, а еден од нив, полицаецот Дерек Шаувин, го притиснал коленото на вратот на Флојд. Тврдеа дека тој се спротивставувал на апсењето. Против Чаувин е поднесено обвинение за убиство од втор степен, додека други тројца полицајци се обвинети за помагање при извршување на делото.
И покрај тоа што Флојд во неколку наврати велел дека не може да дише, полицаецот не го тргнал коленото од вратот. Набргу потоа, Флојд изгубил свест, а полицаецот и понатаму ја задржал истата позиција кон жртвата. Флојд починал набргу откако бил хоспитализиран.
Смртта на Флојд предизвика бран протести против полициската бруталност и расната дискриминација, кои во многу американски градо прераснаа во насилни.