Hakan Çopur
16 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп најави дека ќе воведе додатни санкции на Иран како одговор на тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) не ја усвои резолуцијата за продолжувње на забраната на иранската трговија со оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп се обрати пред новинарите во Њу Џерси и уште еднаш го киритикуваше СБОН кој на седницата во петокот не ја усвои резолуцијата која ја предложи САД.
„Очекувавме такво нешто. Како одговор на тоа ќе воведеме додатни санкции. Ќе видите наредната седмица", порача Трамп.
Паралелно со тоа, Трамп го коментираше и случајот на поранешниот агент Едвард Сноуден и рече дека постои простор за можно помилување на бараниот поранешен агент на Националната безбедносна агенција (НСА).
„Ќе почнам да се бавам со тој случај. За тоа има размислувања и на левата и на десната страна", рече Трамп.
Поради објавувањето на тајните документи Сноуден од 2013 година со привремена дозвола за престој живее во егзил во Русија, а од властите на Франција побарал азил.