Michael Hernandez
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор од 2015. година повикувајќи се на низа нови санкции против владата во Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во обраќањето до новинарите во Белата куќа истакна дела режимот во Иран работи на како што рече, ширење на хаос во светот.
Напомена дека нуклеарниот договор со Иран е еден од најлошите договори кои САД го потпишале.
Додаде и дека спомнатиот договор е само привремено одложување на иранскиот „пат до нуклеарно оружје", обвинувајќи го Техеран дека не ги почитува точките од договорот.
„Подготвивме неколку важни чекори чекори за да му се спротивставиме на иранскиот режим за да никогаш не би можел да развие нуклеарно оружје", рече Трамп.
На крајот истакна дека од Конгресот ќе бара воведување на санкции на Иранската револуционерна гарда.
„Корумпираниот персонал на Иранската револуционерна гарда е терористичка сила и милиција", рече американскиот претседател.
Конгресот сега ќе расправа за деталите од нуклеарниот договор и ќе донесе одлука за тоа дали САД повторно ќе наметне санкции на Иран.
Американскиот државен секретар, Рек Тилерсон претходно денеска на конференција за медиуми во Вашингтон изјави дека САД во овој момент нема да се повлече од нуклеарниот договор со Иран.
Делегациите на Иран и групата 5+1, односно пет постојани членки на Советот и Гермаија, во јули 2015. година го постигнаа спомнатиот договор.
Договорот во повеќето земји од светот е дочекан со воодушевување, посебно во Техеран. Се смета за „нова страница" во меѓународните односи, но против него и понатаму гласно се залага Израел.