Kasım İleri
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК има тенденција да се повлече од границата на Турција, изразувајќи надеж дека оваа организација ќе го стори тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во Вашингтон говореше за одлуката за повлекување на американските војници од зоната каде што се реализира операцијата „Извор на мирот“.
„Курдите [ЈПГ/ПКК] имаат тенденција да се повлечат од зоната од 30 километри, и тоа е нешто добро“, додаде тој.
Тој се осврна и на одлуката за повлекување на американските војници од овој регион.
Трамп, говорејќи за повлекувањето на терористичката организација, додаде: „Се надевам дека ќе се повлече, бидејќи ако немате воени авиони, многу е тешко да победите против една сила која има воени авиони.“