Övünç Kutlu
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја критикуваше Кина за воведувањето нови тарифи на американските производи, тврдејќи дека Пекинг се обидува да влијае на изборите на Конгресот во ноември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кина отворено тврдеше дека таа активно се обидува да влијае и да направи промена на нашите избори со тоа што ќе ги напаѓа нашите фармери, сточари и индустриски работници поради нивната лојалност кон мене“, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Вашингтон во понеделникот изјави дека наредната недела ќе почне со воведување на 10 отсто тарифи на кинеските производи, во вредност од 200 милијарди долари, и додаде дека стапката на тарифите ќе се зголеми до 25 отсто на 1 јануари.
Пекинг брзо се одмазди со објавување дека ќе спроведе тарифи од 5 до 10 отсто на американските производи, во вредност од 60 милијарди американски долари, што исто така ќе стапи на сила наредната недела.
Кина објави дека потполнила жалба до Светската трговска организација (СТО) против САД. Пекинг ќе бара дозвола од Светската трговска организација за да воведе дополнителни санкции против САД в петок.
Бидејќи некои од тарифите на Пекинг се насочени кон американските земјоделски производи, важно е Трамп брзо да го реши трговскиот спор со Кина или ќе ризикува со тоа што ќе ги изгуби гласовите на републиканските фармери и сточари на среднорочните избори.
Трамп во својата објава на Твитер напиша дека американските фармери, сточари и индустриски работници се „големи патриоти“ и тврди дека тие го поддржуваат неговиот став кон Кина.
„Тие исто така знаат дека јас сум тој којшто знае како да го спречи тоа. Ќе се случи голема и брза економска одмазда против Кина, доколку нашите фармери, сточари или индустриски работници бидат цел“, додаде тој.
Во објавувањето за тарифите од 200 милијарди долари, Трамп, исто така, се закани дека ќе воведе дополнителни тарифи во вредност од 267 милијарди долари, доколку Пекинг преземе одмазднички мерки против американските земјоделци или против други индустрии.