Sefa Şahin
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Туркије (МСБ) соопшти дека уште 3 брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на турското Министерство, од украинските пристаништа изутрината испловиле уште 3 брода во рамки на пратките со жито.
Со посредство на Туркије, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на трите држави и ОН.