Ekipa
15 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
ЛАХОРЕ (АА) - Амбрин, родена во Пакистан, која го загуби својот сопруг Наем Рашид и синот Талха пред три години во нападот на џамијата во Њу Зеланд, сега посветува време на пропагирање на мирот и вистинските вредности на исламот.
Во разговор за Агенција Анадолија (АА) по повод третата годишнина од терористичкиот напад на џамиите во Крајстчрч во Нов Зеланд, Амбрин вели дека таа им помага на жртвите од ужасниот напад.
„Ванау траст“ е основан од Владата за да им помогне на жртвите од тој ужасен напад. „Оваа година ја одбележуваме неделата на исламската свест од 5-14 март во која спроведовме семинари и работилници за да им помогнеме на луѓето да ги разберат вистинските вредности на исламот“, рече таа.
Присетувајќи се на нападот, Амбрем рече била ужасната кога дознала за нападот, но се надевала дека нејзиниот син и сопруг се на безбедно.
„Тоа беше обичен петок за нас, и Рашид прашуваше кој ќе дојде по нив по молитвата... Тој беше секогаш во џамија пред петочниот собир“, рече таа.
„Кога дознав за нападот бев ужасната но се надевав дека сопругот и синот ќе бидат безбедни или само повредени. Но, ноќта кога отидовме во болница и кога не можевме да ги најдеме нивните имиња на списокот на повредени, знаевме дека ги изгубивме.“
Напаѓачот беше уапсен набргу потоа, кога се обидел да избега од местото на злосторството. Врз основа на написот кој го објавил на интернет пред нападот, медиумите го опишаа како белец расист.
„Медиумите имаа огромна одговорност кога станува збор за прикажување на негативните ликови. Со прикажување на муслиманите како негативци или терористи тие создаваат и сеат омраза во главите на луѓето против нашата заедница. За да се спротивставиме на таа слика ние започнавме да ги едуцираме луѓето за Светиот Куран и за исламот“, рече Амбрин.
- Награда за храброст -
Напаѓачот во живо го пренесуваше својот напад врз џамијата каде што можеше да се види дека Рашид се обидувал да го спречи и откако бил ранет. Тоа им даде време на останатите да избегаат.
„Поради неговата храброст Владата го награди... мојот сопруг целиот живот се залагаше за своите вредности и секогаш им помагаше на луѓето. Мојот син кој беше со него исто така беше многу храбар и љубезен“, рече таа.
Рашид, заедно со своето семејство се преселил во Нов Зеланд од Лахоре, Пакистан, во 2011 година за да докторира.
По нападот, семејството останало во Нов Зеланд со одлука да ја шири свеста за нивната религија.
„Јас живеам со моите два сина во моментов... по Рашид морам да бидам тука за нив“, рече Амбрин. „Тој секогаш ми велеше: Ако се соочиш со какви било потешкотии сврти се кон Светиот Куран и замоли го Алах да те упати“. Сега еден од моите синови дипломираше во областа на инженерството, а најмалиот сè уште студира. Отидов во Лахоре еднаш но не можев да го посетам повторно поради пандемијата на коронавирусот.“
Иако напаѓачот е осуден на доживотна казна , Амбрин рече дека нападите врз муслиманите не престануваат.
„Многу луѓе го прават ова само за да го привлечат вниманието на медиумите. Сакам да им испратам порака на луѓето кои живеат во западните земји да бидат пример за луѓето и да бидат амбасадори на својата религија и земји. Ова е нашата одговорност како муслимани“, рече таа.