Ayşe Doğru
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
МЕКСИКО
Во јужниот дел на Мексико животот го загубија пет лица кои ги консумирале печурките што самите ги собрале, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Одделот за здравство на сојузната држава Чијапас се вели дека од консумација на печурките што самите ги собрале, се затруле две семејства во градот Уистан.
Во продолжение се наведува дека животот го загубиле пет лица и дека две лица се во болница.
Печурките се испратени на лабораториско испитување за да се одреди нивниот вид.