Yosra Ouanes,Safiye Karabacak
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ТУНИС (АА) - Во Тунис вчера се приведени две лица од САД под обвинение за тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори блиски до Министерството за внатрешни работи на Тунис соопштија дека овие лица се приведени во градот Џендуба. Истрагата утврди дека тие ги поддржуваат идеите на терористите.
Покрај тоа, со анализа на компјутерите на осомничените биле пронајдени видеа на кои се величаат терористичките организации.
Лицата во Тунис дошле на студии, а една од нив е во брак со државјанин на Тунис. Покрај тоа, таа личност престојувала во Сирија, каде што била припадник на терористичка група.