Ekipa
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ТУНИС (АА) - Тунискиот претседател Баџи Каид ес-Сибси оваа недела е хоспитализиран по вторпат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Тунис пренесена преку социјалните медиуми се истакнува дека 93-годишниот Сибси е пренесен во Воената болница по влошената здравствена состојба.
Сибси и минатата недела беше пренесен во болница поради влошување на здравствената состојба.
Фират Кафраш, потсекретарот за односи со медиумите во Кабинетот на претседателот, соопшти дека здравствената состојба на Сибси, кој беше отпуштен од болница во саботата, е добра.
Тунискиот претседател Сибси е трет најстар претседател во светот. На првото место на листата се наоѓа малезискиот претседател Махатхир Мухамед (94) и кралицата на Велика Британија, Елизабета II (93).