Sena Güler
15 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
БАКУ (АА) - Преку заедничка декларација туркиските држави денеска изразија силна поддршка за тековната антитерористичка операција на Турција во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„[Лидерите] изразија надеж и верба дека турската операција „Извор на мирот“ ќе придонесе во борбата против тероризмот, осигурувањето на територијалниот интегритет на Сирија, ослободувањето на локалните Сиријци од опресијата на терористите и во создавањето услови за безбедно и доброволно враќање на раселените Сиријци во нивната татковина“, се истакнува во заедничката декларација од 7. Самит на Советот за соработка на државите од туркиското говорно подрачје (Туркиски совет).
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турските граници и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Самитот на Туркискиот совет се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, основачкиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, киргискиот претседател Соронбај Џенбеков и узбекистанскиот претседател Шевкет Мирзијојев.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и вицепремиерот на Туркменистан, Пурли Агамурадов, присуствуваа на Самитот како набљудувачи.