Talha Yavuz
15 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
КИЕВ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) го опреми Медицинскиот центар за клиничко лекување и рехабилитација во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во овие рамки, ТИКА за овој центар донираше телевизори, кревети, уреди за пасивно движење на зглобовите на колената, микропечки и фрижидери.
Во овој центар се врши рехабилитација на персоналот на Вооружените сили на Украина.
Претседателскиот комесар на Украина задолжен за рехабилитација на војниците учесници во воени дејствија, Вадим Свириденко, упати благодарност до ТИКА, нагласувајќи дека овој проект бил реализиран многу брзо.
Директорот на овој центар, Андриј Кин, нагласи дека овој проект е важен за нив, и дека донираната опрема ќе придонесе во лекувањето на војниците.
Координаторот на ТИКА во Украина, Џунејт Есмер, рече дека ТИКА врши активности во 60 земји во светот, и дека во Украина со работа почнале во 1995 година.
Есмер истакна дека здравството е најважната област на дејствувањето на ТИКА.