Sarp Özer
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
AФРИН (АА) - Откако го ослободија сирискиот град Африн од терористите на ЈПГ/ПКК, припадниците на Турските вооружени сили (ТСК), во овој град пронајдоа и зграда која била седиште на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во зградата се пронајдени кеси во кои се наоѓаат терористички униформи, што е уште еден доказ дека терористите ги соблекле и ги скриле униформите, а потоа избегале од Aфрин пред да влезе турската војска во градот.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија. Во зградата, која терористите ја користеа како команда во Африн, се наоѓаат простории за состаноци, а на ѕидовите фотографии на терористичките лидери и на некои неутрализирани терористи.
Терористите, бегајќи од Африн, минираа делови од зградата во Африн, а во подрумот на зградата беше откриена печатница во која беа пронајдени разни публикации и учебници што изобилуваат со терористичка пропаганда.
Турската армија продолжува да го чисти регионот на Африн, кој беше ослободен од терористите пред помалку од една недела.