Aykut Karadağ
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
АНКАРА (АА) - Генералната дирекција на полицијата (EGM) соопшти дека рачно изработен експлозив бил запленет од терористите на ПЈД/ЈПГ во градот Азаз, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на Твитер профилот на Генералната дирекција на полицијата се наведува дека полицијата спречила терористички напад во сириски Азаз.
„Нашата полиција спречи уште една терористичка акција во градот Азаз, Сирија. Во акцијата запленети се 3 килограми пластичен експлозив и рачно изработен експлозив, наместен од страна на терористичката организација покрај патот“, се нагласува во соопштението на Генералната дирекција на полицијата (EGM).