Serdar Dincel
02 Февруари 2025•Ажурирај: 02 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес во Доха, главниот град на Катар, се сретна со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, објави турското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Х, јавува Анадолу.
Не се соопштени детали од средбата.
Фидан се наоѓа во дводневна посета на Катар. Шефот на турската дипломатија последен пат го посети главниот град на Катар во декември 2024 година за да присуствува на Форумот во Доха и на маргините се сретна со колегите и официјалните лица.