Aykut Karadağ
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АНКАРА
Турските авиони неутрализираа четворица терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани во регионите Хакурк и Метина во операција поддржана од воздух, соопшти Министерството за одбрана на Турција.
Се додава дека членовите на терористичката организација биле идентификувани за време на операции за извидување и надзор во областа.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.