Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека турските и руските сили ја спровеле петнаесеттата заедничка патрола на автопатот во Идлиб, северозападна Сирија, покрај турската граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот твитер-профил, Министерството наведе дека во рамките на договорот за спроведување заеднички контролни патроли, турските и руските сили ја извршиле петнаесеттата копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздушните елементи.
Автопатот М4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Четиринаесеттата патрола беше спроведена во вторникот.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување или по Автопатот М4.
Заедничките патроли започнаа на 6 март.