Şebnem Coşkun
18 Април 2024•Ажурирај: 20 Април 2024
АНТАРКТИК (AA)
- Шебнем ЏОШКУН
Турските научници, применувајќи ги правилата во студиите што ги спроведоа на Антарктикот, ги заштитија јужните поларни суштества и живиот свет поврзан со Белиот Континент и океаните, кои се силно погодени од последиците од глобалните климатски промени, известува Анадолу.
Научниците што учествуваа во Осмата национална научна експедиција на Антарктикот под покровителство на турското Претседателство, оваа година во организација на Министерството за индустрија и технологија, координирана од Институтот за поларни истражувања TУБИТАК MAM, ја спроведоа својата работа на тој начин што го заштитуваа екосистемот на Белиот Континент од негативни ефекти и оставија минимални траги на Јужниот Пол.
Антарктикот, една од областите што најмногу се погодени од последиците од климатските промени, претставува голем екосистем. Во овој екосистем може да се забележат фоки и пингвини, симбол на континентот, како и големи морски цицачи, како што се китовите што живеат во океаните што го опкружуваат континентот.
Исто така, познато е дека многу микро и макро суштества живеат во водниот екосистем на континентот, а може да се забележат и многу видови морски птици.
Осмата национална научна експедиција на Антарктикот беше спроведена во согласност со правилата утврдени во Системот на договори за Антарктикот, кој стапи на сила 1961 година, во кој аплицираат 56 земји, и во согласност со условите наведени во Протоколот за заштита на животната средина на Договорот за Антарктикот усвоен во 2017 година.
Учесниците ги презедоа сите мерки на претпазливост во согласност со обуката што им беше одржана пред експедицијата за заштита на животната средина и однесување за време на теренската работа. За контрола на спроведувањето на овие мерки им беше назначен и службеник за животна средина за време на експедицијата.
Пред да излезат на терен сите истражувачи биле информирани дека е потребно да им се дезинфицираат облеката, научната опрема и секаков вид теренска опрема.
На учесниците им било посочено дека флората на Антарктикот, лишаите и мовта, се многу чувствителни и кревки и при движењето треба да внимаваат да не ги газат.
При истражувањето на животните учесниците не смееја да им се приближат на растојание помало од 10 метри во близина на местата за размножување и нивните гнезда за да не ги вознемират. При приближувањето животните станувале агресивни, со цел да ја заштитат својата територија. Покрај тоа, во никој случај не смееле да бидат во допир со мртвите животни, особено сега кога постои епидемија на птичји грип што е со висока патогеност. Оддалеченоста е од големо значење за да не дојде до пренесување болести на живиот свет.
Со правилата што ги применувале и набљудувањата што ги спровеле во своите студии на Антарктикот, турските научници ги заштитиле јужните поларни суштества, кои во голема мера се погодени од последиците од глобалните климатски промени, а чии животи зависат од Белиот Континент и океаните.
Фоките, кои јадат ракчиња, се забележани на островот Потковица (Horseshoe) и неговата околина.
И аделиските пингвини можеа да се видат на островот Потковица и неговата околина.
Оваа година на островот Потковица е виден и релативно реткиот вид фока леопард.
Истражувачите ги забележаа и фоки со крзно, веделови фоки, планктони, грбавиот кит и антарктичкиот остроклун кит.
На Антарктикот главен извор на храна за речиси сите живи суштества, вклучително и птиците, рибите, китовите и пингвините, е планктонот. Според некои студии, секоја година се консумираат приближно 250 тони планктон.