Orhan Onur Gemici
07 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Во воздушна операција на турските сили на северот на Ирак неутрализирани се 8 терористи, кои планираа напад на воена база, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека воздушните операции се изведени во местата Синат Хафтанин, Метин и Хакурк на северот на Ирак.
Во операцијата се уништени и упоришта и складишта на терористичката организација ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листа на терористички групи во Турција, ЕУ и САД.