Muhammed Nuri Erdoğan
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Преку воздушна операција на турските сили неутрализирани се шест терористи на терористичката организација ПКК во Северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер, како резултат на координирана работа на Турските вооружени сили (ТСК) и Tурската Национална разузнавачка служба (МИТ), извршена е воздушна операција во подрачјата на Каднил и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Се вели дека во оваа воздушна операција неутрализирани се шест терористи на сепаратистичката терористичк организација ПКК.