Muhammed Ali Toruntay
05 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ во регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија, коишто отвориле вознемирувачки оган, и 5 терористи кои се обиделе да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси, кои се гаранција за мирот и безбедноста, неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле вознемирувачки оган во регионот на „Штитот на Еуфрат“ и 5 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се инфилтрираат во регионот на операцијата Извор на мирот“, се истакнува во соопштението на турското Министерство за одбрана.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).