Muhammed Boztepe
16 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа осум терористи на терористичката организација ПКК во подрачјето на Хакурк во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Според ова соопштение, откриено е дека некои терористи биле во подготовка за напад врз базите во Хакурк.
„Преку воздушна операција неутрализирани се осум терористи на ПКК, меѓу кои и терористот со кодно име Харун, кој бил одговорен во одделот за напади и саботажа во оваа терористичка организација“, се нагласува во ова соопштение.