İsmet Karakaş
02 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичка операција од страна на турските сили во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турската национална разузнавачка агенција на 29 ноември спроведе операција во подрачјето на Гара, неутрализирајќи ги терористите“, соопшти безбедносен извор кој говореше под услов за анонимност.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде што планираат терористички напади на територијата на Турција.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.